БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Сите на купче”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатите 8 години на Македонската политичка сцена видовме се и сешто. Најголеми измамници се претставуваа како наивни доброчинители, криминалци од улица ги руинираа институциите на системот, беше извршена огромна корупција за промена на име на држава, направени епски проневери и криминал, народот беше во најголемата егзистенцијална криза која беше злоупотребена за политички цели, за до ден денес да гледаме морбидни острови на политичка моќ кои сакаат да злоупотребуваат трагедии и тага за политичка цел.

Едно е сигурно: Народот созреа и политички и државнички!

Време е за вистинска државотворност со цел легитимитет и силина на Македонската држава, време е за воскреснување!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вовед: Како да претвориш во робови цел еден народ со силата на незнаењето и “тапоста” на политичката недоделканост

Во периодот на владеењето на СДСМ и ДУИ зголемувањето на платите на работниците во државата под присила на функционерите на власта преку наметнати законски решенија предизвикаа несогледливи последици во економијата. Без реална анализа и суштинска контрола на економските текови најпрво Зоран Заев а потоа и Димитар Ковачевски популистички се обидуваа да се додворат на гласачкото тело во Македонија на штета на дотогаш нормалните текови на економијата и дефинираните односи во стопанството, за да дојдат до глас повеќе на избори. Износот на платите пораснаа, без зголемување на продуктивноста или квалитетот на вредноста на производите кои што се произведуваа/т. Се сеќаваме сите на магаломанското ветување од 500 евра просечна плата дадено во 2016 година од страна на тогаш шарениот револуционер Зоран Заев. На оваа негова лага која до крајот на неговиот мандат не успеа да ја оствари ниту на вештачки начин под присила на диктатот на државата на штета на стопанството се залепија поголем број на граѓани тогаш. Тргна лавината на апокалипсата преку формирање на октроирана влада на СДСМ и ДУИ. Веднаш застанаа инвестициите кои патем и со вештачките блокади и политичката криза што претходно ја предизвика СДСМ преку парализа на институциите на државата од моментот на т.н. Пржински договори, не беа во некоја поинтензивна фаза од самиот почеток на политичката криза започната со т.н. Шарена револуција.

Но со почетокот на владеењето на СДСМ почна целата економска апокалипса на дотогаш воспоставените макро и микро економски текови преку упад на државата во работата на приватните компании. Од една страна гледавме масовна и силна државна финансиска инекција за одредени фирми блиски до власта преку разно-разни државни фондови се со цел за да се корумпираат во пресрет на референдумот за промена на името кој и покрај таа финансиска инекција не успеа, а од друга страна видовме со сила на законот ВЕШТАЧКИ подигање на минималната плата за работниците во државата без да се подобри продуктивноста и квалитетот на произведената вредност од страна на истите тие работници. Во сплетот на околности на енормниот раст на инфлацијата влијаеше и зголемувањето на акцизата за нафтата и навтените деривати, што дополнително беше удар за стопанството и селосна декапитализација на микро и малите претпријатија. Кон ваквиот негативен тренд за стопанството допринесе и обидот за воведување на т.н. Прогресивен данок кој имаше за цел од Македонија да направи Северна Кореја во економијата.

Народот соочен со растечка сиромаштија масовно прибегна кон брзи кредити, коцкање и останати девијантни појави.

По ваквиот душмански и непресметан потег на владата на Зоран Заев и Али Ахмети неминовно беше реакција за преструктуирање на стопанството.

Само колку за пример ќе напомнам дека во делот на микро-трговијата голем број на мали маалски продавнички ги затворија своите бизниси, за денес цел народ да трпи под ударот на монополи и дуополи на големите хипер маркети низ државата.

Инфлацијата во тоа време книжеше вредности над 20% а со тоа се предизвика циклус на зголемување на цените на производите за секојдневна потрошувачка на граѓаните.

Со тоа вредноста на минималната плата наметната со волјата на Зоран Заев опадна и целиот стандард на граѓаните и како држава и народ влеговме во спирала деноминација на куповната моќ на граѓаните. Оваа класично социјалистичка политика политика на Зоран Заев продолжи да се спроведува од неговиот поклоник Димитар Ковачевски за да денес бидеме жртвени сведоци на катастрофални ефекти од нивното непрокопсано владеење.

Видовме огромен криминал во ФИТР кој што како институција беше злоупотребен за корупција на поединци во стопанството но од друга страна беше причина за зголеменото ниво на инфлација во времето на Заев и Ковачевски.

Видовме огромни криминали со онлајн игрите на среќа, катастрофално-штетни криминали во злоупотребата на политичките функции од страна на функционери во владите на Заев и Ковачевски, видовме епски криминал во ЕСМ, во здравството со набавка на ваккцини итн итн…

Време е за опоравување

По падот на владата на Таче минатата година во месец мај, беше направен длабок рез во нивните штетни политики.

За првпат после години имаше раст на БДП во првите две тромесечја на владеењето на новата влада на Премиерот Мицкоски.

Гледаме тивка рационализација на гломазниот државен апарат во остварување на нивните законски работни задачи- нема веќе неодење на работа и земање на плата што индиректно влијае на целиот стопански поредок и продуктивноста на претпријатијата.

Борбата со уличниот-ситен криминал која е во полн ек треба да продолжи и понатаму, пресметката со функционерскиот криминал исто така! Видовме огромни комплексни акции за сузбување на функционерско- мафијашки гнезда насекаде низ државата: Крмзов, ЕСМ, Лотарија на Македонија, Енергетска мафија, трговија зо мазут… Министерот Панче Тошковски покажа дека и во Македонија може да се спроведе неприкосновено без селективност целосна правда за сите граѓани подеднакво. Тоа беше впрочем и главен слоган на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата долги години наназад.

Борбата со монополското профитерско однесување на големите синџири на маркети само што беше почната, мораше од објективни причини да запре, но имаше свој првичен позитивен ефект врз стандардот на граѓаните. Забележана е стабилизација на цените на произзводите во маркетите.

Започна силна и посветена пресметка со административно- бирократската мафија после трагедијата во Кочани. Започна пресметката со сегменти од градежната мафија со масовно укинување на лиценци на фирми кои не работеле законски. Започна пресметка со угостителската мафија.

Очај и лелек во СДСМ и нивните прокси политички привезоци

Во оваа битка на актуелната влада предводена од Премиерот Мицкоски видливи се ефектите од бескомпромисната борба со сите малигни тумори кои го разјадуваат Македонското национално битие со децении наназад.

Паралелно со политичките заложби на Премиерот и Владата, од другата страна се регрутираат и формираат структури кои што имаат интерес ваквата пресметка со штеточините во државата да престане.

Видовме неуспешен обид на ДУИ за радикализација на состојбата во државата која прекина со ставањето на црна листа на на САД на Артан Груби. Сега пак гледаме обид за радикализација од страна на ДУИ што веројатно е единствената политика во која како партиска структура можат да се пронајдат себеси.

Па можеме да видиме распаднат синдикат во лицето на Слободан Трендафилов како се тетерави по прес конференции во обид да повлече народ на улица. Па гледаме обиди на Венко Филипче како сака да се факторизира себеси преку некаква лидерска средба за влијание на процесите иако нема моќ на влијание ниту во неговата партија која е во целосен колапс.

Па гледаме екстремно штетен популизам од радикалното крило на СДСМ- Левица во обиди за злоупотреба на трагедијата и тагата на цел еден народ за ескалација на протести.

Можеме да видиме структурирани медиумски мегафони како со манипулации, дезинформации и полувистини се обидуваат да нанесат политичка штета врз актуелната власт, за да СДСМ и нејзините прокси имаат некаква политика изглед на претстојните локални избори за политичко факторизирање на сцената.

Епилог

Ред е да се нагласи дека борбата со криминалот и корупцијата која што ја започна неприкосновено актуелната Влада на Премиерот Мицкоски ќе удри болно по суштината и постоењето на многу моќни индивидуи и правни субјекти во државата. Тоа ќе значи и првичен удар врз стопанството кое е длабоко инфицирано од поединци со криминал.

Но тоа е една мала рана која нашата држава во коматозна агонија ќе мора да ја преброди за да започне процес на целосно исцелување. За тој процес се потребни силни и решени луѓе, со знаење и капацитет за да се носат со оваа огромна кауза што можеме да ги забележиме во опкружувањето на Премиерот Мицкоски, во прв ред- Министерот Тошковски.

Македонските граѓани ја дадоа својата доверба на еден зрел и достоинствен начин на оваа политика на последните парламентарни избори и ваквата поддршка е во целосна корелација на идејата и каузата остварување на подобар животен стандард на сите граѓани во државата што како идеал е достижно само и единствено преку многу работа, трпение и посветеност.

Конечно Македонските граѓани имаат можност да бидат дел од вистинска обнова и статутирање на силни и неуништиви темели за силна Македонска државност во која Македонскиот идентитет ќе добие свој процут и афирмација не само на балканот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace