Не стивнуваат алармантните информации кои доаѓаат до редакцијата на Брегалнички Портал поврзани со работата на локални институции во општините во нашиот регион.
Познавачи на состојбата, луѓе кои што се инволвирани во работата на овие институции, кои се плашат јавно да проговорат за проблемите со кои се соочуваат во рамки на нивната работа. анонимно сакаат да ја алармираат јавноста се со цел да се подобрат состојбите во работењето на локалните институции.
До нашата редакција пристигнаа информации кои што задираат директно во џебовите на граѓаните на Делчево а се резултат на работата на ЈКП “Брегалница” Делчево.
Станува збор за наплатата на услугите кои што се даваат од страна на ЈКП “Брегалница” Делчево меѓутоа без соодветно реализирана законска процедура.
Според информациите кои што ни се достапни ЈКП “Брегалница” Делчево има законска обврска врз основа на свој Бизнис план одобрен на седница на Советот на општина Делчево, да побара одобрување на цените за достава на вода до домаѓинствата во Делчево од РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА МАКЕДОНИЈА.
Последните достапни одлуки за утврдување на цени на услуги на ЈКП “Брегалница” Делчево донесени од страна на делчевскиот совет достапни во јавност се оние донесени во 2022 година а кои се однесуваат за регулиран период 2022-2024 година.

Со оглед на тоа што веќе неколку месеци сме во 2025 година, а нема соодветна донесена одлука за утврдување на цени на услуги од страна на јавното претпријатие во Делчево за нов регулиран период, јавно прашуваме дали ЈКП “Брегалница” Делчево НЕЗАКОНСКИ фактурира и наплатува услуги од џебот на граѓаните за своето работење?
Во прилог на расчистување на сите шпекулации во врска со овој проблем, добро би било од ЈКП “Брегалница” Делчево да се изјаснат во јавноста со свој став.
Апелираме јавно по допрен глас надлежните институции кои што треба да го контролираат и подобруваат работењето на комуналното претпријатие во Делечво да ја утврди вистинската состојба со овој проблем а доколку има прекржувања на законот одговорните лица да сносат соодветна законска одговорност.
Во изминатиот период работењето на ЈКП “Брегалница” Делчево беше и се уште е под лупа на службите од МВР, Финансиска полиција Државниот завод за ревизија итн а вработените во ова јавно претпријатие мака мачат со добивање на своите плати со кои што обезбедуваат егзистенција за себеси и своите семејства.
Брегалнички Портал стои на располагање на сите граѓани кои што согласно законот за укажувачи, анонимно ќе алармираат за увидени аномалии во работата на локалните институции, до нашата редакција да достават информации/фото/видео материјали за да можеме заеднички да им дадеме поголема јавност на проблемите со цел за нивно решавање и надминување.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година