БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за одбележување на 149 годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, делчевско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 149 годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци ќе се одржи централната манифестација за одбележувањето на еден од најзначајните ако не и најзначаен историски настан кој има оставено длабоки траги во постоењето на современата Македонска држава. За првпат свое присуство и обраќање на овој настан ќе има Претседателот на Македонската влада Проф. Д-р Христијан Мицкоски, што го позиционира одбележувањето на Разловечкото востание на највисоко државно ниво, конечно така како што заслужува еден историско-идентитетски настан од значење на целиот Македонски народ.

За првпат денот на Разловечкото востание е одбележан на 8 мај 1967 година. Тогашен директор на училиштето во Разловци е Панте Новоселски а претседател на Месната заедница е Манасија Скакарски. Пред месното население од Разловци, учениците ја изведоа првата програма посветена на големиот ден на востанието, а наставникот по историја прочита реферат за неговото значење.

Во текот на годините потоа оваа манифестација забележува свој постојан подем за оваа година да стане настан на кој што свое учество има Премиерот на Република Македонија проф. Д-р Христијан Мицкоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одбележувањето на 149 години од Разловечкото востание оваа година е под слоганот “Храброста што ја обликуваше нашата историја” и со длабока почит кон македонските борци за слобода. Организаторот НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, ги поканува сите Македонци на централната свеченост по повод овој настан што ќе се одржи на 20 мај 2025 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во село Разловци, општина Делчево

Во рамките на одбележувањето ќе се одржи и богата културно-уметничка програма, со настапи кои ќе ја одразат традицијата, духот и борбеноста на македонскиот народ, а свое обраќање пред присутните ќе има Премиерот на Македонската влада Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace