Македонската народна музичка ризница е непресушен бунар на инспирација како за уметниците така и воопшто во животот на секој еден добронамерен и достоинствен Македонец. Таа музика е нераскинлив дел од Македонскиот идентитет и покрај сите обиди за присвојување на моло-ритмиката која ја содржи Македонската народна музика, секако неуспешно затоа што таа мело-ритмика потекнува изворно до срцето и душата на секој Македонец чиј што ген се пренесува со генерации наназад.
За силината и длабокиот духовен карактер на Македонскиот музички мелос зборуваат голем број на современи обработки од врвни македонски уметници кои што во современ контекст го наоѓаат својот пат до модерната публика. Еден од тие корифеи на трансмисија на Македонската народна музика е и гитаристот Дарко Тасевски од Делчево кој што повеќе од деценија ипол твори на музички план преку дела со своите гитари низ различни музички жанрови, со оригинална авторска музика.
Еден од неговите последни проекти е и најавениот албум “Параходот” кој што ќе се состои од 10-тина преработки на класична фламенко гитара на традиционални народни песни создадени во минатото кои се обнародиле помеѓу народот.
Прв сингл од претстојниот албум е истоимената песна “Параходот” која што денеска авторот ја објави на социјалните мрежи.
Станува збор за композиција во која е преработена главната тема на добро познатата народна песна во класичен манир на фламенко гитара преку ритмичка хармонија и соло изведба на основната мелодија збогатена со сензибилитетот на нејзиниот автор.
Послушајте во продолжение за што станува збор:.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години