БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки  надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак  брзината е ограничена на 60 километри на час.

На 08.08.2025 околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид. Тој со патничко моторно возило ,,сузуки” со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace