БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Човечката големина доаѓа потајно и не бара внимание: Премиерот Мицкоски запали свеќи за ангелите во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Неизмерната болка и тага кои тежат над Кочани веќе цели пет месеци, не може со ништо да се ублажат. Катастрофата во дискотеката на смртта во Кочани на 16 март оваа година се болка и тежина прекриени со темнина за секој граѓанин на оваа држава. Загубата, тагата и неизмерната болка стана секојдневие за огромен број семејства кои што на овој кобен датум ги загубија своите најмили чии што души се преселија на небесата кај ангелите. На овие семејства им остана темнината, тагата и болката, но и спомените со своите ангели кои што им го осветлуваа овоземскиот живот додека беа помеѓу сите нас. Ништо не може да ја ублажи таа болка, таа тага и да ја надмине таа темнина. Споменот за присуството на земјата на овие ангели на земјата денес може да се пренесе само со прегратка на утеха, со потаен плач и солзи кои што го потопија нашето секојдневие без разлика каде и да се наоѓаме низ нашава држава.

Без да биде објавено во медиуми, без официјални соопштенија и камери, денеска Македонскиот премиер подаде рака, упати прегратка на утеха таму каде што солзите најмногу тежат. Запали свеќа и отстои со скаменет поглед пред гробовите на телата на оние кои што против своја волја заминаа на небесата. Иако татко на едно ангелче кое повеќе не е меѓу нас, го сподели овој момент преку социјалните мрежи, сепак ова не е гест за коментирање, ова е гест за ветување…. ветување дека секој од нас кои со солзи се сеќаваме на оваа кобна трагедија ќе направиме се за да истата не се повтори, а одговорните по сила на нашите овоземски закони да сносат одговорност за причинетиот настан- најцрн во нашата помодерна Македонска историја.

Креирано од:


Пренеси го гласот