БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Чупеска: власта наместо да води политики на развој и напредок, води некрополитики.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во интервју за Рацин.мк изјави дека денес сведочиме на суровата реалност на системски и систематски организирани деструктивни однесувања на актуелната власт, длабоко вкоренети во нејзината конзервативна и авторитарна идеологија.

 Искуствата со авторитарноста на ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со суштинско растурање и уништување на институциите. И денес гледаме дека власта ги негува старите навики на деструктивни поведенија. Проблемот со незаконското институирање на директорот на АНБ и последователните злоупотреби за фабрикација на афери, како и свесното оставање на граѓаните без заштита во случаите со Кочани, Дрисла, Вардариште, Трубарево, уништувањето на природата и убиствата на жени, се само дел од трагичните потврди, нагласи Чупеска.

Таа додаде дека власта наместо да води политики на развој и напредок, води некрополитики. Со уништувањето на правната држава, институциите се претворени во инструмент за деструкција на општеството, неговата социјална структура и довербата на граѓаните. Во таков систем, незаштитените групи, особено жените, стануваат жртви на срамна трагедија, како што покажа случајот со Росица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Оваа власт ги користи институциите исклучиво за заштита на своите луѓе, а не за правда и демократија. Дури и демократскиот Устав не го третираат како темел на државата, туку делуваат спротивно на него. Наместо да изградат систем на вредности, тие создаваат послушна партиска војска за свои тесни интереси, потенцираше Чупеска.
Таа оцени дека власта намерно предизвикува апатија кај младите, што е дополнителна штета за општеството и за иднината на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace