БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На јавна трибина во Кочани граѓаните дебатираа за локацијата на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По заклучок на Советот на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани организираше јавна трибина по иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на местото познато како Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.

Во присуство на заинтересирани граѓани, во салата на Мултикултурниот центар за Кочани, службите од Одделението за урбанизам соопштија дека односната локација е плански соодветна за реализација на барањето од Здружението на граѓани.

Со цел да се опфати мислењето на пошироката јавност,  во периодот од 2 до 11 јануари беше активна анкета на оваа тема, којашто содржеше две прашања: Дали се согласувате со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, локацијата Стар парк (на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“) да биде определена за локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“ и второто прашање, всушност беше опис на мислењето во врска со иницијативата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На анкета со помош на дигиталната алатка мЗаедница, на првото прашање одговориле: 260 граѓани, од кои 82 %  се согласуваат со предлогот за определување локација за спомен-обележје, а 18 % се против.  На второто прашање одговориле вкупно: 132 граѓани, од кои 63 % ја образложиле согласноста, 19 % не дале образложение, 0,05 % се изјасниле повторно дека не се согласуваат, додека останатите не дале јасни образложенија.

Јавната трибина беше искористена и за директно анкетирање на учесниците, коишто можеа да пополнат анкетен лист со истите прашања. Од 53 учесници во анкетата, сите одговориле дека се согласуваат со предложената локација.

По објаснувањето на идејата и значењето на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ од Александар Наунов, претседател на Здружението, граѓаните имаа можност на јавната трибина да ги искажат своите мислења, да прашуваат и да предлагаат, а градоначалникот Владко Грозданов одговараше на нивните прашања и ја образложи неопходноста од трибината како форма за непосредно учество на граѓаните во донесувањето одлуки и можност за отворено сопоставување на различните мислења.

Претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов и присутните членови  претставници од советнички групи отворено ја изразија подготвеноста на следната седница да ја прифатат поднесената иницијатива на Здружението „16 март“, а градоначалникот Грозданов најави итни административни постапки со цел спомен-обележјето да биде завршено до годишнината од смртта на младите во пожарот во „Пулс“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace