Претседателите на Локалните акциски групи „Бојмија“ од с. Стојаково, „Беласица- Огражден“ од с. Босилово, „Брегалница“ с. Зрновци, „Малеш – Пијанец“ од с. Негрево и ЛАГ–от „Плачковица“ од с. Конче потпишаа Меморандум за соработка, во Радовиш.
Претставниците на организациите на ЛАГ-овите со Меморандумот се согласуваат на отворена соработка, партнерство и координација за формирање и реализирање на заеднички политики за социјален и економски развој на руралните средини, каде ќе ја подржат и социјалната инклузија во тие средини.
Исто така, значајни цели на Меморандумот се и континуираното привлекување на надворешни ресурси за развој на руралните средини и иницијативи за промовирање на европски политики и вредности за рурален развој.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија