БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Перински ќе се обрати пред светски лидери и министри во Баку на Светски урбан форум 13

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два дена ќе престојува во Баку, каде како носител на делегацијата од Македонија ќе учествува на Светски урбан форум 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници.

Форумот, кој е организиран од UN-Habitat, претставува висока меѓународна платформа на која се дискутираат клучните предизвици поврзани со урбанизацијата, домувањето, климатските промени, инфраструктурниот развој и креирањето политики за поквалитетен живот на граѓаните.

Согласно најавите на организаторот, на форумот се очекува присуство на повеќе од 30.000 учесници од над 180 држави, меѓу кои шефови на држави, министри, претставници на меѓународни организации, локални власти, академската заедница и приватниот сектор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На самиот почеток на форумот, министерот Перински, заедно со повеќе од 100 министри и носители на национални делегации, ќе се обрати на националните обраќања посветени на темата на форумот „Домување: Безбедни и отпорни градови и заедници“, со осврт на достигнувањата, искуствата и идните насоки во однос на спроведувањето на Новата урбана агенда.

Во рамки на посетата, македонската делегација ќе реализира и повеќе билатерални средби со претставници на институции и организации од повеќе држави, со фокус на размена на искуства, јакнење на меѓународната соработка, одржлива урбанизација, инклузија и отворање нови можности за поддршка на локалниот и рамномерниот регионален развој.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace