БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делото на Светите браќа Кирил и Методиј е нашата писменост и нашиот идентитет. Тоа е милениумската црвено-црна нишка со која го чуваме македонскиот јазик како најскапоцен дар со кој, како ретко кој народ, со гордост го носиме знаењето и просветителството.

Делото на Светите солунски браќа е нашиот македонски цивилизациски код и најсилниот доказ за нашиот вкоренет идентитет на овие простори. Затоа што писменоста што ни ја дадоа е нашето најмоќно оружје во зачувувањето на македонскиот јазик и култура, на нашата посебност и различност од другите и оние непосредно околу нас.

Знаењето е универзален јазик кој не познава граници и нè учи на меѓусебна почит. Делото на македонските и сесловенските просветители Кирил и Методиј е потсетник дека само преку образование и духовно издигнување можеме да изградиме напредно општество.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес, прославувајќи го делото на рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, го славиме почетокот на просветителството кое ги обедини народите на Европа, на кои токму ние им ја подаривме писменоста. Денес со блиските на нас несебично ја споделуваме големина на нашите браќа, но и жестоко се противиме на неприродното и безочно присвојување од другите до нас, на кои пред милениуми при очи им подаривме описменет вид.

Овој голем празник претставува инспирација за единство и непоколебливост во одбрана на нашето духовно наследство.

Денес, Македонија како современа држава продолжува по патот на знаењето и прогресот, грижно чувајќи го и почитувајќи го сопственото минато додека ја гради својата иднина, очекувајќи го основното човечко почитување.

Водени од светлината на просветителството потребно е уште повеќе да работиме заедно за подобра иднина на нашите млади луѓе. Затоа што само со образование и знаење ќе успееме да обезбедиме напредна и силна држава за сите граѓани.

Честит 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!

Честит да е празникот на сите наши македонски учители!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace