БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026 во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 19 јуни 2026 година треба да се пријават за учество на турнирот. 

Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка,ОФС – Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. 

Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат од Столе Тошев, на телефонскиот број 078 294 073. Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60 000 денари, втората од 30 000 и третата во износ од 15 000 денари.

Креирано од:


Пренеси го гласот