БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со сретства од Светска Банка во Македонска Каменица се реализираат повеќе инфраструктурни проекти

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова преку социјалните мрежи ја информира јавноста за реализацијата на повеќе тековни проекти.

“Продолжуваме со силно темпо во реализацијата на инфраструктурните проекти што значат подобри услови за живот за сите граѓани на Македонска Каменица.

Во рамки на доискористувањето на средствата од кредитот од Светска банка од 2021 година, веќе се реализираат активности за поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Александар Македонски“, „Осоговска“, „Илинденска“ и „Македонска“, како и изградба на нов тротоар на улицата „Осоговска“. Истовремено, се изведуваат работи и на изградба на пешачкиот тротоар што ќе ја поврзе Македонска Каменица со населбата Павлиш Дол, со што значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и поврзаноста помеѓу населените места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Паралелно со овие активности, во населбата Горна Река интензивно се гради нов детски парк – современ и безбеден простор каде што нашите најмлади ќе можат да играат, да се дружат и да го поминуваат своето слободно време.

Во наредните денови започнуваме и со реконструкција на фонтаната и поплочувањето на дел од градскиот плоштад. Со ова ќе создадеме поуреден, помодерен и пофункционален централен простор, достоен за нашите сограѓани и за бројните културни, спортски и јавни настани што ги организираме во текот на годината.

Нашата определба е јасна – континуирани инвестиции, видливи резултати и подобра инфраструктура во секој дел од општината. Продолжуваме посветено да ги реализираме ветените проекти, затоа што Македонска Каменица заслужува современ развој и поквалитетен живот за сите. “

-напиша на социјалните мрежи Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова

Креирано од:


Пренеси го гласот