БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демократијата бара учество- Јавна панел дискусија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Под слоганот “Демократијата бара учество” Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира јавна панел дискусија на која што же бидат промовирани заложбите на партијата за зголемено учество на жените во креирањето на политики и зголемување на нивото на демократија во државата и определбите за поголема вклученост на сите граѓани во креирањето и спроведувањето на јавните политики на сите нивоа на власт во државата.

На трибината ќе се обрати Македонскиот премиер Христијан Мицкоски членови на Извршниот комитет на партијата како и членови на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

“Почитувани, Ве известуваме дека утре 14.09.2026 година (понеделник) во 19:00 часот по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата ќе се одржи првата политичка платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија” во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на Плоштад „Мајка Тереза”- пред Колонадата во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот ќе го отворат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија и Марија Митева, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на Република Македонија

Во рамки на политичката платформа ќе се одржат и две последователни панел дискуси.

На првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата” ќе се обратат:

Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија,

Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унија на жени и државен секретар во Министерството за образование и наука,

Ана Шутиновска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ,

Маре Богева, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.

На вториот панел насловен „Улогата на политичките партии во демократското учество” ќе се обратат:

Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана,

Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје,

Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник,

Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе го модерира Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, и истиот ќе се емитува на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ.

Локација:

https://maps.app.goo.gl/mVYPQR44jVbryftc9?g_st=it

-стои во соошпштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот