БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бесплатно предучилишно образование за деца Роми од семејства во социјален ризик во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Берово e дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со директорката на Детската градинка „23 Август“ – Берово, Латинка Поповска, го потпишаа трипартитниот договор за соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамки на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“.

Со потпишувањето на договорот се овозможува бесплатно предучилишно образование за деца Роми од семејства во социјален ризик, со што се создаваат еднакви можности за нивен правилен раст, развој, учење и социјализација уште од најрана возраст.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Општина Берово останува посветена на создавање инклузивна и еднаква заедница, во која секое дете има право на образование, грижа и можност за развој, без разлика на неговото потекло или социјалниот статус.

Инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на Беров,

-информираат од општина Берово.

Креирано од:


Пренеси го гласот