БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Информираме дека заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип, на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu. 

Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин, по што согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точен датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрација. 

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. 

Креирано од:


Пренеси го гласот