Во објава на социјалните мрежи се најавува протест на граѓаните против “организираните убиства на Онкологија”.
“Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!
Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.
Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!
Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за влад
ините функционери!
- Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
- Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.
- Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.”
-стои во објавата на настанот на фејсбук.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме Изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови
Алиу во „Само Интервју“: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање
Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет