Во интервју во централниот дневник на националниот сервис на МТВ Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски зборуваше за најголемиот фонд на дигитални услуги кои што ги работи ресорното министерство во моментот, како и следните чекори во иднина кои што ќе бидат преземени во насока на побрза и поефикасна услуга за граѓаните од страна на институциите на државата.
Министерот Андоновски на прашања од домаќинот Стојан Трпчевски зборува за дигитализацијата на Личната карта и возачка дозвола за граѓаните преку мобилна апликација, намерите за намалување на обемот и оптекот на печатени документи за кои што граѓаните во моментот ги бркаат по шалтерите на институциите на државата со што ќе имаме ефеклт на помалку чекање пред шалтерите и поедноставни административни услуги.
Понатаму Министерот зборува за можностите и плановите на државата за следење на најсовремените трендови во врска со имплементација на проекти со дата центри, проектот за имплементација на национален податочен центар како и национален центар за вештачка интелигенција.
Целото интервју со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пренесуваме во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар