Денеска со почеток во 10.00 часот во Делчево беше одбележан 11 Октомври- Денот на народното востание на Македонскиот народ против фашистичката окупација во Втората светска војна.
Пред споменикот на падбатите борци од НОБ во центарот на Делчево делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот Иван Гоцевски како и останати институции и здруженија на граѓани положија букети со свежо цвеќе, поклонувајки се пред жртвата што овие луѓе чии што имиња се запишани на самиот споменик ја дале за слободата на Македонскиот народ.
На почетокот на настанот со свој реферат за значењето на 11 Октомври настапија членовите на КУД “Гоце Делчев” Делчево а потоа делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Иван Гоцевски, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година