На пригодна свеченост во конференциската сала на општина Штип вечерва беа доделени наградите за најуспешни спортисти за минатата 2022 година.
За најуспешен спортист беше прогласен борачот Владимир Егоров од боречкиот клуб Балканец од Штип на кој што градоначалникот Иван Јорданов му го додели признанието.
“Владимир Егоров, борачот кој 7 години ги брани боите на БК Балканец и на Македонската репрезентација и кој е државен и европски првак и репрезентативец, денес го прогласивме за спортист за 2022 година во Општина Штип!
Од 78 пријавени спортисти, Комисија за избор на спортист на годината ги селектираше најуспешните 17 активни спортисти од категориите пионери, кадети, младинци и сениори, а награди и признанија добија сите оние кои се истакнале по својот активен придонес за спортот во Општина Штип.
Честитки за наградените и пофалби за сите кои се вложуваат за развој на спортот во нашиот град!”
-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во врска со вечерашниот настан.
ДРУГИ ОБЈАВИ
После долги години, асфалт ќе добијат улици во Индустриската зона во М. Каменица до веќе изградените деловни објекти
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта