“Градоначалникот на Општина Делчево по кој знае кој пат ја демонстрира својата неодговорност
Во населбата Ново Делчево веќе неколку месеци сме сведоци на кал на сите страни од испораскопани улици насекаде и оставени длабоки и необележани дупки кои од тековните врнежи се преполни со вода.
Имено, при извршување на градежни активности кои во другите општини завршуваат за недела време, во нас Ново Делчево поради неодговорното и незаинтересирано работење на градоначалникот Трајковски жителите од оваа населба веќе со месеци внесуваат кал во своите домови и стравуваат по безбедноста на самите нив и на населението кое поминува од овде од причина што огромни отворени дупки полни со вода стојат по средината на улиците и тротоарите насекаде низ населбата.
Истите тие дупки преполни со вода во комбинација со мракот во кој ја држи градоначалникот нашата општина се и тоа како реална опасност од пропаѓање во истите
Голем дел од тие дупки се наоѓаат и околу детското игралиште во населбата кое секојдневно го посетуваат родители и деца од целата општина
Трајковски до кога ќе се однесувате така “нон шалантно” кон граѓаните на Општина Делчево
“
-соопштение на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта
Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег