БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бране Петрушевски: Ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски продолжуѕва со разобличувањето на Функцијата на Димитар Апасиев под чие раководство партијата Левице е претворена во понтонски мост во рацете на Зоран Заев со цел за ситнење на опозицијата која се спротивставува на погубните политики на актуелната власт.

“Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата.

Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење. Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.

Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.

Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво. Апасиев и левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција.”

-напиша пратникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук/

Креирано од:


Пренеси го гласот