Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, денес во МКЦ – Скопје во 19 часот ќе одржи целовечерeн концерт под мотото „70 години организиран фолклор во Вевчани“. На концертот присутните ќе имаат можност да уживаат и во документарен филм кој со архивски снимки и слики ќе ја прикаже традицијата на организираниот фолклор во Вевчани од првиот настап во 1947 година до ден денес.
Фолклорниот ансамбал на Дримкол на сцената на МКЦ ќе настапи во духот на традицијата на Вевчани, на Струшко поле и на Власите од Горна Белица , Струшко.
“ Во Скопје скоро секоја година одржуваме по еден наш целовечерен концерт. Тоа го правиме заради наши вевчанци што живеат тука, но, и заради наши пријатели, соработници, поддржувачи кој редовно ја следат нашата работа. Со таквите концерти успеавме низ годиниве да создадеме наша верна публика во Скопје пред која секогаш ни е задоволство да настапуваме. Повод за овој концерт во Скопје, оваа година е јубилејот „70 години организиран фолклор во Вевчани“, со кој концерт ги заокружуваме сите свечености поврзани со јубилејот. Фолклорот и традицијата во Вевчани се многу постари, датираат уште од настанокот на Вевчани, Вевчанскиот карневал е пример за тоа, но, ние одбележуваме организирана форма на фолклор кој некогаш организирано во играорна група, а денес преку КУД „Дримкол“ се негува, презентира и промовира низ годиниве во земјава и странство…”
– изјави Јасмина Бебекоска од одделението за протокол и односи со јавност на КУД „Дримкол“ од Вевчани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата