Почитувани сограѓани,
Ви го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание !
Овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност. Партизанското движење го оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!
Македонија вечна !![]()
-стои во честитката упатена до јавноста од страна на Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево