“Честитки на сите
Победи упорноста на ВМРО-ДПМНЕ за заживување на Голак
Конечно после 6 години инсистирање од наша срана и голем број граѓани-познавачи на состојбите, Туристичкиот Локалитет Голак повторно е во план за реализација на проекти од страна на Општина Делчево
Иако Градоначалникот Горан Трајковски пред 6 години ветуваше изработка на студија за водоснабдување на Голак, дури денес јавноста дозна дека општината Делчево ќе прави проект за реконструкција и на постоечката и изградба на нова водоводна мрежа за туристички локалитет ГОЛАК
Иако тоа е недоволно за целосно решавање на проблемот за водоснабдување на Голак, сепак цениме дека е своевиден напредок наспроти инаетот на Горан Трајковски да не ги реализира сопствените проекти кои ги имаше ветено на Делчевчани
Реконструкција на постојната и доизградба на нова водоводна мрежа не значи решавање на проблемот, доколку сериозно не се пристапи кон обезбедување на нови количини вода со кои ќе се опслужува во иднина овој туристички локалитет клучен за Локалниот Економски развој во Делчево и регионот
Токму за таа цел беше потребно во минатото да се направи издржана техничко-економска студија за можни начини и извори за водоснабдување на Голак, а која што студија до ден денес не го виде светлото на денот.
Соопштението дека општината со пари од Центарот за развој на Источен плански регион ќе изработува техничка документација за водоводната мрежа на Голак ја поздравуваме и апелираме за наредната 2024 година Градоначалникот уште сега да почне да планира пари за нејзина изградба.
Така кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт на наредните избори да може во целост да го реши проблемот за водоснабдување на Голак- проблем кој што Горан Трајковски 6 години го ставаше под тепих
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Делчевскиот совет ќе продолжи да се залага за Голак да го поврати својот сјај од минатото, но и да прерасне во нешто повеќе од природна убавица со која не само како граѓани ќе се гордееме туку и ќе овозмежиме економски развој на туризмот за граѓаните
#голак#туризам#водоснабдување#општина#делчево#советничка#група#вмро#дпмне“
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин