БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цитати за природата на жената…

Пренеси го гласот

Силни, независни жени! Лесно е да се предадете на чувствата но и да возвратите на  предизвиците. – Жена сте!

Еве неколку инспиративни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и зајакнат.

“Не ми пречи што живеам во машки свет се’ додека во него можам да бидам жена“ – Мерлин Монро
“Жената стои, како капија, на излезот и на влезот во овој свет“ – Иво Андриќ
“За мажи без жени нема не постои рај ниту на небото ниту на земјата. Без жените не би имало Сонце, Месечина, земјоделство, ниту оган“ – арапска проговорка
“Женската посветеност е нивна најголема убавина“ – африканска поговорка
“Ако ве победува жена во тенис, сменете го спортот. Ако ве победува во бокс, сменете ја жената“ – Мохамед Али
“Жена е некој кој вриска кога ќе види глушец, а со насмевка гледа во волк“ – Шиам Капур
“Во љубовта, како и во војната,правото секогаш е на страната на посилниот. И затоа жената која ја сакаме секогаш ќе биде во право“ – Алфред де Мусет
“Жената треба да биде две работи – отмена и прекрасна“ – Коко Шанел
“Жената настанала од машкото ребро, а не од неговите стопала за да се гази по неа… Не од неговата глава за да се владее со неа, туку од колкот за да му биде еднаква… Под рацете за да биде заштитена и покрај срцето за да биде сакана“ – Талмуд
“Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а често пати и во исто време“ – Жан Баптист Молиер
“Среќни девојки се оние најубавите“ – Одри Хепберн
“Силата на жената произлегува од факт што ни психологијата не може да го објасни. Мажите може да се анализираат, а жените…само да се обожаваат“ – Оскар Вајлд

“Слабост , името ти е жена“ – Вилијам Шекспир.
“Со жена се расправа срцето, не умот“ – Метју Арнолд
“Таа. Тое е прво лице еднина. Тоа е заменка што ништо не може да ја замени“ – Ѓорѓе Балашевиќ
“Убавината на жената е во нејзините очи оти тие се врата на нејзиното срце, место каде љубовта живее“ – Одри Хепберн
“Кога очите на жената се замаглени од солзи, тогаш мажот е тој што не гледа јасно“ – Мишел Торниер

“Што е подобро од мудроста? Жената. А што е подобро од добра жена? Ништо“ – Џефри Чосер „Не си ја трошете енергијата обидувајќи се да едуцирате некој и да го менувате неговото мислење; одете преку, под, низ и мислењата органски ќе се променат кога сте шеф. Или нема. Кому му е гајле? Гледајте си ја работата и не се грижете“ – Тина Феј

„Жените треба да им кажуваат на мажите дека тие се силните. Тие се големите, тие се силните, прекрасните. За волја на вистината, жените се оние силните. Ова е само мое мислење, не сум професорка“ – Коко Шанел

„Не знам зошто женственоста е поврзана со слабост. Жените треба да бидат слободни да се изразат без размислување. „Морам да се однесувам како маж за да бидам успешна“. Ова е одличен начин за да се омаловажат жените“ – Зои Дешанел

„Најдобриот совет што некој некогаш ми го дал е: „Прави се` и да си исплашена“. Без разлика дали сте исплашени, продолжете напред и направете ги работите во секој случај, затоа што ќе ви биде многу подобро ако излезете од вашата удобна зона“ – Шери Шеперд

„После жените, цвеќињата се најубавото нешто што Бог му го дал на овој свет“ – Кристијан Диор

„Вистинската убавина не е поврзана со бојата на вашата коса или бојата на вашите очи. Вистинската убавина е поврзана со вас и вие како човечко суштество, со вашите принципи и вашиот морален компас“ – Елен Деџенерес

„Една жена чијашто насмевка е отворена, и чијшто израз е мил има убавина без разлика на тоа што носи“ – Ан Роифе

„Убавината на жената не е во нејзиното лице, туку убавината на една жена е рефлектирана во нејзината душа. Таа е грижата која таа љубовно ја дава и страста што ја покажува. Убавината на жената расте со текот на годините“ – Одри Хепберн

„Не постои ништо лошо во тоа да се биде силна жена. На светот му се потребни силни жени. Постојат многу силни жени кои не ги знаете и не ги гледате, а се прекрасно мајчински настроени. Тие сакаат да останат невидливи“ – Џинџер Роџерс

„Мојот совет за жените: дури и ако имаш обична работа, однесувај се кон себеси како шеф. Не да бидеш арогантна, но биди сигурна во она што го сакаш – и не дозволувај луѓето да прават нешто без твое знаење“ – Ники Минаж

„Постојат две сили во светот; првата е мечот, а другата е пенкалото. Постои огромна конкуренција и ривалство меѓу овие двете. Постои и трета сила посилна од претходните две, силата на жената“ – Мухамед Али

„Жената мора да ја има нејзината слобода, основната слобода на избор дали таа ќе стане мајка и колку деца ќе има. Без оглед на ставот на мажот, проблемот е нејзин“ – Маргарет Сангер

„Мудрата жена сака, но не љуби, слуша но не верува, и остава пред да биде оставена“ – Мерилин Монро

„Жените никогаш нема да бидат исто успешни колку мажите бидејќи тие немаат сопруги кои ќе ги советуваат“ – Дик Ван Дајк

„Сакам да го направам тоа, бидејќи сакам! Жените треба да се обидуваат да прават работи исто како што мажите се обидувале. Кога тие нема да успеат, нивниот неуспех не треба да биде предизвик за другите“

„Ако жените точно знаеја каков треба да биде карактерот на еден маж, тие никогаш немаше да се омажат“ – Џо Бернард Шо

„Мислам дека е неверојатно секси девојката да ја носи маицата и долната облека на нејзиното момче“ – Келвин Клајн

„Сакам што сум жена, дури и во овој машки свет. После се`, мажот не може да носи фустани, но ние можеме да носиме пантолони“ – Витни Хјустон

„Она што ние жените треба да го направиме е, наместо да се грижиме за она што го немаме, да го сакаме она што го имаме“ – Камерон Дијаз

„Бог на жените им даде интуиција и женственост. Доколку се користат правилно, комбинацијата лесно може да направи неред во мозокот на било кој човек“ – Фара Фосет

„Жените имаат нефер предност во однос на мажите: доколку не можат да го добијат она што сакаат со нивната интелигенција, тие го добиваат со нивната глупавост“ – Јул Бринер

„Да се биде жена е ужасно тешка задача бидејќи жената треба да се справи со маж“ – Џозееф Конрад

„Бидете свои – внатрешната убавина е она што се брои. Вие самите си сте најдобар пријател, клучот до вашата среќа, и штом го сфатите ова – заедно со уште неколку кршења на срцето – тогаш ќе бидете среќни“ – Чери Лунги

„Жените се создадени за да бидат сакани, а не да бидат сфатени“ – Оскар Вајлд

Креирано од:


Пренеси го гласот