Оскаровецот Расел Кроу во новиот филм “Егзорцистот на Папата” го глуми од реалноста ликот на главниот егорцист на Ватикан Габриел Аморт.
Во вечната битка меѓу доброто и злото отецот Аморт е познат по над 100.000 извршени егзорцизми на лица ширум светот во текот на неговиот живот. Отец Габриел Аморт починал во 2016 година на своја 91 годишна взраст а зад себе оставил две публикации-книги кои што се своевидни мемоари: “Егзорцист ја раскажува својата приказна” и “Егзорцист: уште приказни”
Оскаровецот Расел Кроу не е актер кој што лесно се ангажира да глуми во некој нов холивудски филм, но по самиот факт дека ја зел оваа главна улога можеме да се надеваме само на добра филмска адаптација на животниот пат на отец Габриел Аморт.
Погледнете го промотивниот спот за филмот чија премиера ќе биде на 14 април во кино салите во светот:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!