После подолг временски период, во Кочани имаме носители на советничките листи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од лекарската фела.Д-р Лазо Митев е ценет лекар кој подолг временски период работи во приватното здравство и е почитуван граганин кој целиот свој потенцијал го вложува за едно подобро и поубаво Кочани .Додека неговиот колега, Д-р Томе Солевски работи во Општа болница-Кочани.Првиот е претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, кој позади него има значајни победи и успеси на политичката сцена.Интересен е фактот дека и овојпат партија од централната власт ,,успешно,, го копира ВМРО ДПМНЕ, одејки по примерот на прв исфрлен кандидат.Ист е и примерот со кандидатот за градоначалник, кој овојпат избран по случаен избор, непознат во политичките води, но локален бизнисмен и текстилен тајкун.