Има една доминантна политичка определба во политиките на СДСМ од почетокот на нивното постоење како политичка партија па се до денес која е карактеристична и особено штетна, до таа мера што ја квалификува СДСМ како антинародна- антимакедонска политичка партија: дистанцирање на официјалните политики на СДСМ од конкретните реални интереси на Македонските граѓани.
Тоа како политика во минатото во различни фази од современата Македонска историја беше оквалификувано со повеќе термини како: елитизам, “плава крв”, ропство под диктат на транзициската олигархија, институционална одлепеност од народот, ненародни политики, однароденост на институциите на државата под раководство на СДСМ….
Сите овие политички пракси на битисување на СДСМ, токму најфанатичните идеолози на ваквите политики ги нарекуваат со термини “храброст”, “државнички политики”, “подготвеност да се жртвува партијата за државните интереси”…
Така во 90-тите години од минатиот век кога СДСМ ја имаше власта во државата промената на Македонското знаме со ѕвездата од Кутлеш и прифаќањето на привремената референца “БЈРМ” во јавноста беше “продадено” како државнички чин за прием на Македонската држава во ООН. Криминалната приватизација на големите државни претпријатија од страна на поединци блиски до власта на СДСМ беше исто така претставено како државничка политика за спас на државата. Подоцна донесувањето на законот за новата територијална поделба со кој територијата на Македонија се исцепка до етнички сегрегирани општини од кои многу од нив немаа(т) институционален капацитет за функционирање, и претставуваат камен околу вратот на раззвојот на државата беше претставуван исто така како државнички чин, наспроти волјата на мнозинството на граѓаните и реалната пдржливост на интегритетот и функционалноста на институциите на државата.
Кога власта на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година започна со силна финансиска поддршка на Македонските земјоделци преку воведените програми за субвенционирање на земјоделското производство, – ваквата политика беше нападната како систем за корупција на граѓаните, што опстојува до ден денес во наративот на СДСМ
Во најновите политички околности во 2026 година, откако против волјата на мнозинството граѓани на Македонија го сменија името на државата во “северна”, во 2019 година, сега, СДСМ под раководство на Венко Филипче политиките на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за насочување на јавните буџетски сретства за финасирање на проекти од кои што директен бенефит ќе имаат сите граѓани на сите општини во сите краеви од Македонија се обидува да ги минимизира, да ги прогласи за криминални и коруптивни.
Врз основа на програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ пресликани во Програмата за работа на Владата, денес во секоја општина низ Македонија се реализираат досега најголемите инфраструктурни проекти за подобрување на стандардот за живеење на Локалните самоуправи, како никогаш досега во минатото.
Станува збор за финансирање на улици, патишта, водоводи, регулации, детски градинки, образовни, културни и останати јавни објекти кои што даваат силен инпут во Македонската економија и создавање на БДП на државата. Иако овие проекти остваруваат директен бенефит за самите граѓани, СДСМ, Венко Филипче и малкумината негови истомисленици ваквите проекти ги нарекуваат “коруптивни” без да понудат никаков доказ за таквите квалификации и манипулации.
И токму тука лежат причините за катастрофалниот лош рејтинг на СДСМ со актуелното раководство предводено од Филипче, додека во јавноста манифестираат фанатична сервилност на бугарските политики за повторна промена на Уставот- таков каков што го изрешетаа како политичка партија низ годините поминати на власт.
Оваа политика на одвоеност од интересите на обичните Македонски граѓани устоличиена на ниво на партиска библија е главна алка која лежи длабоко импрегнирана во постоењето на СДСМ и како што тргнала работата ќе биде смртоносниот клинец закован во ковчегот на СДСМ.
Дури и во денешната своја видео порака упатено по повод 2 Август- Илинден Венко Филипче го манифестира тој антнароден наратив, обидувајки се да се пресмета со ВМРО-ДПМНЕ на овој свет ден за Македонците.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час