Денеска пред Споменикот на Гоце Делчев во Делчево своја прес конференција имаа членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нивната прес конференција:
“Денес по повод раѓањето на Гоце Делчев, еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација, Делчегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, заедно со унијата на жени, унијата на млади сили, положивме свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев.
Гоце Делчев беше и остана симбол на непокорот, желбата за слобода, храброста и постојаната борба за независна Македонија.
За жал поради антимакедонските политики на оваа ненародна власт Делчев стана и предмет за пазарење на т.н добрососедски договор со Бугарија.
Македонија е продадена, засрамена и обезличена.
Но секоја генерација си има своја борба. Нашата борба е за Обнова на Македонија, а Обновата на Македонија следува после 12 април.”
-соопшти Дарко Тодоровски од ОК на ВМРО-ДПМНе Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември