Денеска на прес конференција младите од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип упатија остра реакција во јавноста како свое спротивставување на лошите политики на актуелната власт во однос на нетретирањето на дивите депонии во општината.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Билјана Јанева од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“И после две години од плоштадите и улиците во Штип оддекнува паролата „Штип-Зелен град“, меѓутоа неодговорното однесување на градоначалникот не овозможи да стане вистина. Нашиот град беше еден од најчистите во Македонија, но лошото владеење на СДСМ го стави на листата на загадени градови.
Диви депонии, незаштитена градска депонија, губриште и смет на сите страни е сликата која изминативе години ја имаме за Штип. Наместо градот да ги намалува бројот на места каде неодговорно се фрла отпадот, дивите депонии се шират и се зголемуваат, на сметка на невините граѓани.
На ова место требаше да никне, шума, да се организираат саеми за органски производи, но не само што нема ништо од тоа, туку ова е едно огромно буниште кое шири неподнослива реа!
ПМ честичките енормно се зголемуваат, од неселектираниот отпад, со кој несовесно се оперира – испарува метан, граѓаните се гушат од загадениот воздух, а локалните власти не превземаат конкретни мерки за спречување на тоа.
Ние младите сме жртви на ова лошо владеење. Не е далеку денот кога со маски ќе се движиме низ улиците, а сето тоа поради лошото менаџирање на општината од страна на раководните структури.
На половина од мандатот на градскиот татко, време е да се превземат итни и неодложни мерки за спречување на загадувањето и неконтролираното ширење на дивите депонии!
Ние заслужуваме здрава животна средина, здрави генерации и исполнување на дадените ветувања! “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево