Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска по повод Ден на меѓународната полициска соработка се обрати на настанот организиран за одбележување на овој ден.
“Денес, на 7 Септември, го одбележуваме Меѓународниот ден на полициската соработка – ден кој нè потсетува дека безбедноста денес не познава граници и дека вистинската сила е во заедничкото делување.
Како министер за внатрешни работи, со гордост истакнувам дека македонската полиција секојдневно работи рамо до рамо со меѓународните партнери во борбата против организиран криминал, тероризам, кибер-криминал и нелегална трговија.
Со заеднички акции, размена на информации и доверба ја зајакнуваме нашата безбедност и ја потврдуваме Македонија како сигурен партнер на глобалната сцена. Овој ден е признание и за сите полициски службеници – за нивната професионалност, посветеност и интегритет.
Нашата определба останува јасна: уште посилна соработка, нови технологии и континуирана обука за поефикасно справување со современите предизвици.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Тошковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар