БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денес 22.06.2018 – Ден на жалост во Велес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Советот на Општина Велес на вонредната седница донесе одлука , на 22 јуни 2018 година (петок), денот кога ќе се погребаат посмртните останки на трите малолетни деца ( 4, 2 и 1 година) што го загубија животот во пожар да се прогласи за Ден на жалост во Велес.

Во мое лично име и во име на советот и сите граѓани, изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите за огромната и ненадоместлива загуба што се случи по пожарот во текот на вчерашниот ден,

-изјави градоначалникот Аце Коцевски Со едногласната одлука на Советот денес знамињата се истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации ќе се одложат, а угостителските објекти ќе емитуваат класична музика. На седницата која започна со едноминутно молчење во израз на почит кон трагично загинатите деца, Советот на Општина Велес донесе решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во висина од 100.000 денари. Воедно општината ќе ги покрие трошоците за обезбедување гробно место во висина од околу 13.000 денари.

Градоначалникот Коцевски изјави и дека највозрасниот син во семејството што доживеа трагедија ќе се вработи во јавното-комунално претпријатие. Посмртните останки на трагично загинатите дечиња беа погребани денес на градските гробишта во Раштани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace