Во цела држава изутрина во 7 часот се регистрирани минусни температури.
Најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени, по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран и Гевгелија – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а 3 сантиметри на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде сончево и студено особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе стивнува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува