32 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 129 години постоење на ВМРО.
Денеска партијата која што е континуитет на историското ВМРО ја прославува годишнината од своето формирање во 1990 година.
Како плод на плурализмот ВМРО-ДПМНЕ беше формирана на денешен ден во предвечерието на распадот на Југославија и прогласување на независна и суверена Македонска држава.
ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година, кога во салата „25 Мај“ денешен МКЦ е прогласено формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, за прв лидер на партијата е избран Љубчо Георгиевки, тогаш е избран првиот Извршен комитет, кој тогаш бил наречен Извршен одбор, и било отпочнато формирање на општински секции. Ова е период кога уште формално правно, но и фактички постои СФРЈ, период во кој како што велат нашите соговорници било тешко да си ВМРО, тешко да бидеш демократ, да се бориш за владеење на правото и вредностите на цивилизираниот свет.
На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп 1991 година е воспоставена препознатливата партиска инфраструктура, ИО преминува во ИК, а секциите во општински комитети, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски.
Во Кичево 1995 година на 10 Конгрес на ВМРО е прогласен континуитетот со историското ВМРО и се донесени бројни резолуции и декларации, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски.
По Љубчо Георгиевски ВМРО-ДПМНЕ го водеше Никола Груевски, по што во 2017 година на конгресот во Валандово го наследи актуелниот претседател Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот