Повторно по којзнае кој пат градската депонија која се наоѓа во близина на градот Делчево емитира отровни облаци со густ и концентриран чад кој што ги прекрува населбите но и обработливото земјоделско земјиште во нејзината околина.
За оваа појава во јавноста реагираа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево со свое соопштение:
“ТОКСИФИКАЦИЈА НА ДЕЛЧЕВО!
Ништо ново, Градската депонија повторно гори и ѓи токсифицира граѓаните на Општина Делчево!
И денес добивме реакции од граѓани на Општина Делчево дека поради неодговорното раководење со Градската депонија од страна на деректорот на ЈКП Брегалница, Градската депонија повторно го загрозува нивното здравје!
Неподнослива смрдеа се шири кон домовите на граѓаните на Општина Делчево.
Во моменталните летни горештини најмалку нешто што им е потребно на граѓаните на Делчево е токсичниот чад од Градската депонија да влегува во нивните домови!
За овој сериозен проблем НЕКОЛКУ пати реагираше и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дирекно преку Советот на Општина Делчево, и под форма на советничко прашање и под форма на иницијатива за решавање на овој веќе сериозен проблем!
До ден денешен одговор и слух за тоа недобивме!
Затоа јавно сакаме да го повикаме и Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, дирекно да си реагира и да му помогне на директорот на ЈКП Брегалница, Стојче Стојковски,кој очевидно е дека сам неможе да се справи со овој проблем, за моментално и конечно решавање на овој веќе сериозен проблем по здравјето на граѓаните на Општина Делчево.
До тогаш, ВМРО-ДПМНЕ Делчево будно ќе го следи и ќе реагира за секое лежерно и неодговорно однесување на Општинските власти кон граѓаните на Општина Делчево!”
-стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатено до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година