Во функција на релаксирање на сообраќајниот метеж но пред се и имплементација на сите стандарди за безбедно и ефикасно организирање на функционален сообраќај во Македонска Каменица во центарот на градот заврши изградбата на нов паркинг простор на огромно задоволство пред се на граѓаните кои гравитираат кон овој дел.
Реализацијата на овој проект е дел од програмата за работа на Градоначалникот Димче Атанасовски како дел од неговите ветувања за граѓаните.
“ЗАВРШЕН Е УШТЕ ЕДЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Заврши изградбата на нов паркинг простор во централното градско подрачје. Во текот на наредната недела просторот ќе биде комплетно хортикултурно уреден и ќе бидат засадени нови дрвни видови.
Веќе се создаваат услови и во текот на вимендот ќе започне дислокација на товарни возила, возила за продажба, како и за стари и хаварисани возила.
Продолжуваме во менувањето на ликот на нашиот град.
Продолжуваме посветено!”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево