“ Измеќарскиот однос на власта кон „меџународната“ нема да и донесе ништо добро на Републиката. Впрочем, низ историјата, има многу послушнички предавства кои подоцна се казнети токму од оние во чија полза се извршени – оти вашиот империјален господар, на кој беспоговорно му слугувате како некои вазали, знае колку малце вредите!
Затоа, достоинствениот и ЧЕСЕН ЧОВЕК треба да зборува како Спартанците, кога преговарале за условите за мир, тогаш кога се поразени од страна на Антипатар (330 год. пр.н.е.): „Можете да ни наметнете тешки и разорни услови онолку колку што сакате, но не си го губете времето да ни наметнувате услови што се срамни и нечесни“!
#ПреспанскиотДоговор
#БојкотирамСамоукинување
#НеПоштуемРатниПрофитери
#НемаДаВиПомине” – Напиша Апасиев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар