Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски по повод двата илиндена денеска од славното Крушево порача:
“Во овој исклучително тежок период за Македонија и за Македонскиот народ, во овие времиња на нови премрежја и искушенија, кога не само нас како родољуби туку и чувствата кон татковината сакаат да ни ги уништат, го славиме Илинден и оддаваме почит на сите кои пред нас дадода сé за Македонија. Како генерација должни сме заради нив, а познавајќи ја нивната борба и саможртва, да се воздигнеме уште еднаш и да ја зачуваме Македонија! Оти, борбата за Македонија е вечна, како времето – никогаш не застанува.
Честит Илинден!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пакетите од Шикло
РАБОТНИЧКАТА КЛАСА НА ОЛИМПИСКИ
Ана Симонова: ОЦЕНКАТА НЕ СЕ НАСЛЕДУВА. ЗНАЕЊЕТО СЕ СТЕКНУВА