БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки од Кочани: Во наредниот 4 годишен мандат Кочанчани ќе добијат 17 милиони евра инвестиции од централната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Драган Ковачки денеска беше на посета во општините од Брегалничкиот Источен плански регион.

Во Кочани Ковачки имаше повеќе средби со граѓани и организации каде што имаше можност да поразговара за актуелните состојби во самата општина Кочани и да се запознае со предизвиците со кои што живее секојдневно народот на оваа општина

Ковачки заедно со членови од спортското риболовно здружение ,,Кочански рибар”, заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во присуство на концесионерот и претставник од надлежна државна институција, на браната Градче близу Кочани, извршија порибување на вештачката акумулација, со крап кој што е набавен од регистриран и лиценциран репроцентар.

Притоа Ковачки ги запозна присутните со програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Платформата #1198 каде што се посветува поголемо внимание на поддршката на риболовците и риболовните здруженија со цел поголема промоција на овој спорт во Македонија.

Од Кочани Драган Ковачки во присуство на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов најави огромни инвестиции за подобрување на жителите во оваа општина во наредниот период

Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом….

-најави Ковачки.

bregalnickimarketing

Драган Ковачки заедно со кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миоле Лефков присуствуваа на увид на градежните активности на проектот за модернизација и проширување на патниот премин на железничката пруга Велес-Кочани.

Според Ковачки овој проект е од огромно значење за кочанчани бидејќи тие конечно ќе добијат побезбеден и подобар проток на возила и пешаци.

Во текот на неговата посета на Кочани Драган Ковачки присуствуваше на настанот за одбележување на 119 години од смртта на Никола Карев при што беше поставена спомен биста со неговиот лик во дворот на училиштето што го носи неговото име.

Креирано од:


Пренеси го гласот