БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драстично зголемување на цените на нафтата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре ќе одржи состанок со работната група која работи на нова методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати.

Методологијата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, треба да стапи во функција најдоцна до 8 мај годинава кога истекува договорот со Хеленик Петролеум, а доколку не биде донесена ќе дојде до либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати.

Според нашите анализи и искуството од соседните земји се покажува дека либерализацијата на пазарот ќе значи зголемување на цените во овој момент поради тоа што имаме еден учесник со големо пазарно учество. Тоа е ОКТА која во изминативе години во пазарот на големо учествува со 70 до 80 проценти.

Сметаме дека во наредниот период треба да се создадат услови да се јават и други учесници на пазарот со цел да има поголема конкуренција и да дојде до нормална и вообичаена либерализација на пазарот со нафта и нафтени деривати.

Во моментов не постојат такви услови и затоа поднесовме иницијатива до Владата за нова методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати

– изјавува Бислимовски на паузата на денешната подготвителна седница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имајќи ја во предвид фактичката состојба дека ОКТА во изминатите пет-шест години не работи РКЕ формира работна група во која членуваат претставници од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерствата за финансии и економија и петте најголеми трговци со нафта и нафтени деривати. На првиот состанок дадовме иницијатива за измена на Законот за енергетика со која предложивме да се промени името на новата методологија која треба да ја донесеме и која ќе се однесува на определување на малопродажни цени на нафтата и нафтените деривати

– додава Бислимовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace