Денеска на прес конференција од Владата се обрати Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја информираше јавноста дека е во тек контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање од страна на Министерството за транспорт
“При досегашните проверки, контатирано е дека од над 1.100 издадени лиценци, проверени се 643 до овој момент.
Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците.
Изразено во бројки тоа значи:
на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови,”
-соопшти министерот за транспорт Николоски.
Воедно Николоски најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија