БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Eксплицитно видео: Вака во Крива Паланка се демолира кафеана од страна на лица блиски до власта на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски објави видео снимка на која се гледа како лица во кафеана го демолираат објектот и инвентарот во Крива Паланка.

Според пренесените информации на прес конференцијата од портпаролот на опозициската партија станува збор за лице блиско до Љупчо Николовски кој што е актуелен министер за земјоделие во Владата на Димитар Ковачевски.

Власта на СДСМ штити, а со тоа и дозволува локални насилници да тероризираат граѓани. Денес ќе ви презентираме видео кое покажува како локалните шерифи на СДСМ демолираат кафеана во Крива Паланка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Дали ова личи на нормална држава? Нормално дека не личи на нормална држава, личи на Заевистан. На ден 24 јануари како што можевте да видите лицето Иван Георгиевски од Крива Паланка, член на СДСМ и никако поинаку, воедно и пајташ на Љупчо Николовски, демолирал кафеана. За тоа постои и полициска белешка во билтенот, но од тогаш навака ниту се постапува по случајот, ниту лицето на било каков начин е санкционирано. Дали и што се постапува по овој случај? Дали Љупчо Николовски го заштитил својот пајташ и насилник? Ова лице има фотографии со Оливер Спасовски и Зоран Заев, што остава сомнеж дека власта на заевизмот го заштитува. Да потсетиме дека токму Љупчо Николовски беше споменуван во писмото на Бојан Јовановски дека ја злоупотребувал својата позиција како министер за земјоделство и преку прекршување на процедури пренаменувал земјоделско во градежно земјиште. Во писмото и телефонската коресподенција се гледа дека Николовски кога се работи за нему блиски луѓе ги заобиколувал прописите и процедурите само за да им заврши работа, а којзнае можеби и да има личен бенефит.

-соопшти денеска на прес-конференцијата од партиското седиште Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати сомневање во јавноста дека ваквите појави и лица наоѓаат заштита кај актуелните челници на СДСМ.

Целата прес конференција може да ја погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот