БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елена Петрова: Овде сме да ја заштитиме волјата на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешниот прв работен ден новата заменик министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Елена Петрова го започна со првична анализа на состојбите во нејзиниот ресор. Притоа таа упати своја порака во јавноста за целта на нејзиниот ангажман:

“Во време на бројни проблеми со кои граѓаните се соочуваат одговорност е да се биде во техничката Влада, да се заштити волјата на граѓаните, да се воспостави изгубениот ред во систем во кој владее хаос, а таквата одговорност е предизвик којшто го прифаќам со посветеност кон обврските што следат.

Се надевам на успешна соработка со сите заинтересирани страни и верувам во силата на екипниот труд за постигнување на заеднички цели. Решенијата треба да бидат долгорочни и насочени кон причинителите на проблемите, а не кон справување со последиците, односно Владата требаше да го решава проблемот со високата инфлација, а не со трансфери да ги прикрива последиците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во мојот фокус ќе бидат исплатите на субвенциите, спроведувањето на јавните набавки кои не смеат да бидат надвор од плановите, вонредни исплати, нови вработувања, односно сите оние исплати треба да се контролираат во контекст на она што е забрана за употреба на буџетски средства и забранети дејствија во тек на предизборен период.

Очекуваме пречки во спроведувањето на нашите надлежности, но уверуваме дека нема да има отстапки и со тоа да им покажеме на граѓаните дека ќе ја заштитиме нивната изборна волја.

Следува период на градење надеж за подобар живот за секој еден граѓанин.
Големите промени зависат од сите нас!”

-напиша на социјалните мрежи новатаб заменик министерка за финансии Елена Петрова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace