БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јелена Спенџарска доби непристоен предлог од с. Пухче-штипско: “Дојди да го воскреснеме мртвиот исток”

Пренеси го гласот

Познатата ТВ водителка Јелена Спенџарска на социјалните мрежи доби непристоен предлог од Марјан Трајчев, кој што самата таа го интервуираше пред неколку години.

Во интевјуто тогаш Марјан соопшти јавно дека бара жена за брак на која ќе и купи се што ќе посака и ништо нема да и недостига, единствен услов е да биде домаќинка. Тој е познат фармер одгледувач на стадо од 300 овци ие многу вреден човек.

Но и по толку години и особено гледаниот и популарен прилог на Јелена со Марјан, тој се уште е без својата животна сопатничка. Пред неколку денови

Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твојта година, време ти е Јеленче не ти мислам лошо.

Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ќе биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш, доста ти е шетање, ќе бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка….

Годините бргу поминуваат, не е шала децата се најубавото нешто во живото, со нив животот е 100 пати поубав а што убаво се бевме договориле 4 комада да имаме две машки и две момички. Момичките мој да бидат а машките твој да ја чуват мама никој да не ја чепка, е Јеленче Јеленче што е пишано тоа ќе биде јас сакам да имаш живот од соништата како принцеза да бидеш, срничка лавица едвај да чекаш да дојде наредниот ден исполнет со секојдневни изненадувања и неверојатни доживувања како свет од бајките да имаш, а не секојдневна борба.

Сите велат ти си крив, дома ти била, пуштил си ја…

Е шо бе јас животно ли сум па ајде дојдела срничката изеди ја ако си вистински лав, пушти ја мож пак ќе дојде…

Жени се Јеленче додека си мелемче и имаш црвени обравчиња како лубеничка не сум се откажал сакам со тебе да го воскреснеме истоко мртов исток мртва економија мртва држава. ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ПОДОБРО УТРО НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ДА СЕ БИДЕ ГОРДОСТ ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА НАШАТА МАЈКА НАЈМИЛА.

….УФ! МОЌНИ ЗБОРОВИ ДРУЖЕ МАРЈАНЕ!

Креирано од:


Пренеси го гласот