Пратеникот Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваше на пуштење во погон на новата фабрика во Пробиштип, чија што инвестиција започна да се реализира во времето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Tој накратко ги образложи постапката и активностите на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кои што доведоа до реализација на ваквата инвестиција, но исто така ги критикуваше лошите политики на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ кои што ја пролонгираа самата реализација и започнувањето со работа на фабриката. Исто така упати жалење за пропуштената можност да се започне со реализација и на дополнителната инвестиција за втората линија на фабриката, која што поради неповолните услови во државата не е започната со реализација.
Во продолжение ја пренесуваме во целост изјавата на Емил Димитриев од Пробиштип од настанот за одбележување на почетокот со работа на новата фабрика во оваа општина во Брегалничкиот регион:
“На огромно задоволство на сите жители од Општина Пробиштип денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд Фаундри. Оваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година. Првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип беше со договор со претходната влада во 2015 година.
За да ги охрабриме да ја лоцираат инвестицијата во Пробиштип, претходната влада донесе одлука да изградиме индустриска зона со целокупна инфраструктура, преку влада ја задолживме државната компанија МЕПСО да обезбеди електрична енергија, бидејќи типот на инвестицијата бараше огромна количина на електрична енергија.
Преку програмата за рурален развој одобривме средства на општината за водовод и канализација, и на еден начин тоа беше мотивот да помогне оваа инвестиција да се лоцира во Пробиштип во источниот дел на Република Македонија, бидејќи во ситуации кога имате изградено индустриски зони во многу поатрактивни локации беше потешко да се донесе инвеститор во овие наши краишта.
Инвестицијата е околу 20 милиони евра. Mорам да кажам дека првичните планови беа со навистина поразлични тајминзи. Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше целокупната потребната поддршка од владата онака како што треба, денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300 директни вработувања и одприлика околу стотина индиректни вработувања.
Во 2016 година кога го ставивме камен темелникот, во тој момент имавме средба и со други потенцијални инвеститори кои што беа заинтересирани да инвестираат во оваа зона, меѓутоа за мое жалење и на жалење на граѓаните од тие инвестиции нема ништо. Мислам дека лошата атмосфера во државата, лошиот начин на комуникација со потенцијалните инвеститори ги одвраќа.
Оваа зона има капацитет и за други компании и мислам дека овој крај има и соодветна работна сила за ваков тип на капацитети бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински смер и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата и сметам дека тоа се некои предности на крајот за ги привлече овие инвеститори. Меѓутоа како и да е добро е што денеска претседателот на владата сепак се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и моето задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај,”
-заврши на крајот поранешниот Премиер на Република Македонија Емил Димитриев кој што потекнува и живее во Пробиштип.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко