Ако некој сеуште се сомнева дека социјалната сиромаштија е длабоко навлезена во Делчево и во целиот краен исток на државата, тогаш може да ја одмине оваа статија.
Евроамбасадорот Дијвид Гир во текот на вчерашниот ден заедно со волонтери од граѓанската организација Банка за храна полнеа пакети со основни прехрамбени артикли кои што во текот на денешниот ден ќе бидат поделени на социјално загрозени лица во Делчево.
Ваквата хумана акција на високиот претставник на Европската Унија доаѓа во услови на најголемата општа криза која што го има зафатено нашиот регион, кој масовно ја губи популацијата која во потрага по подобри услови за живот заминува во најголем дел неповратно од своите дедови огништа.
Акцијата се спроведува во предвечерие на големиот православен христијански празник Божиќ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол