Само за два дена за 04-05.01.2023 година ЕСМ набавило струја од странство за околу 73 милиони денари. Со тоа паѓаат во вода сите планови на актуелната власт за менаџирање на енергетската криза која ја пустоши и осиромашува Македонија и нејзините граѓани со драматични стапки на трошење на народни пари.
За ваквата состојба реагираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ги обелодени ваквите трошења во јавност:
“Продолжува увозот на струја во новата година!
“Херојската” влада на ДУИ/СДСМ за само 2 дена потроши нови речиси 73.000.000 денари за увоз на струја. Од првичното сценарио нема ништо, сѐ уште трансформаторот во Битола не е во функција, Осломеј не работи, а хидроцентралите се на најниско ниво.
Затоа пак авансните провизии продолжуваат. “Херојските” тендери во четири очи си врват. Одговорност ќе има. Доаѓа денот.”
-експлицитен е Мицкоски во врска со ваквите штетни политики на власта.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030