Осми март како ден на жените… Монденски скијачки центри?? А апла почеток на пандемија!?
Не разбирам?
Некој е имун или?
Имаат оправдувања?
Можеби после оваа објава и мои блиски потајно ќе ме осудуваат ама тоа се-ФАКТИ!
Нема комунизам ниту нишка, само самозаштита и заштита на блиските?!Бидејќи се виде дека светскиот капитализам се сопна по белосветијата.
А тоа без Сите е само обид нели?
А работава исто како и Covid19 е проста!
Ама мора фарса, пумпи, хаос за да се печали нешто нели?!
На грбот на даночните обврзници како и секогаш или има нова шема?
Самопрогласените кризери се сега шема и тоа пред инфектолозите и епидемиолозите, е Браво!
Секој еден е должен да почитува препораки без разлика на Се!
Инаетот скапо се плаќа. Со здравје!
Бахатоста и комфорноста кај некој, неправовремените одговори на состојба и повеќе од еден добар милион причини да не се стигматизираат едни а популаризираат други освен за дневна политика, тедер бег и кеш… Тоа е генетска грешка кај модерниот Македонец, матно е и ај лови!
Дали некому му се допаѓа анализата или не, има дебата а има горе и тач батан Block и толку…
Се тргаш, отследуваш и нема да те нервира и иритира вистината!
Ново е за нас или Не?
Ако е ново оправдани се грешките. Ако е старо што тогаш? Различни мислења на експертите како кај нас така и во светот. А зошто помалку би им верувал на нашите инфектолози и епидемиолози од оние на Запад? Нема потреба си мислам. Имаме систем изграден според нашите параметри и нема потреба од паники. Паниката и стравот се најголеми непријатели на свеста и разумот. Работиш како треба совесно, почитуваш препораки, го живееш системот и тоа е тоа!
Кинезите како ,,со грижа на совест” (а според мене е спротивно) излегоа со еден куп студии, научни трудови и истражувања… Браво за нив!
Меѓудругото еден кинески доктор при аутопсиите утврдил тврдина на белодробијата наместо мекост и заклучил дека вирусот како примарна причина понатаму пременува во бактериска и пневмонија, меѓу другото со огромна концентрација на шлајм (сувата кашлица) останува леплив и неотсранет од белите дробови. На алвеоларно ниво имаме Стоп, значи колку сега респираторите би помогнале? Прашања на кои сите стручни бараат одговор. И секој од нас си бара свој НЗС за целава светска рашомонијада во која очигледно некој ќе биде и,, паметен”!?
Секоја индивидуална анализа е добробит за колективот без разлика на арогантните и самозамислени кои не трпат критики. Додуша освен една мала група во државава која секојдневно испраќа препораки другиве кој од страв кој од,, повлекување” изостанаа на здравствениот мегдан во Р. Македонија!
Зошто прашувам?
Зошто со индигнација да не се кренеме над просечната секојдневна мисловна инфлуенца и да заземеме став ама онака одмерен, помагачки и со чиста мисла и без позадина?
Почитувај препораки!
#ОстаниДома
-Фејсбук статус на Гоце Марков.
Дипл. здравствен работник – постдипломец на Семејна и патронажна медицина
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На Македонците им треба стабилност, предвидливост и многу работа
Реална Стратегија за Локален економски развој (ЛЕР) на општина Делчево за период 2021-2025 година или список на неостварени желби?
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели