БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Со мерките кои ќе се воведат треба парите од задолжувањето правилно да се искористат и да се помогне на компаниите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати своја порака во јавностa во врска со направеното задолжување на државата со цел да се помогне на Македонската економија и граѓаните.

Истата ја пренесуваме во целост:

“На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна, но е единствена опција во овој момент за да му се помогне на стопанството.
Нема да пишуваме писма до кредитобарателите за откажување на задолжувањето како што тоа го правеше СДСМ кога беше опозиција, туку ќе ја поддржиме владата во намерата да обезбеди финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Заменик техничка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска го потпиша барањето за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.

Многу поважно во овој момент се мерките кои ќе се воведат за да овие пари правилно се искористат и се помогне на компаниите. Уште еднаш ја повикувам владата да донесе мерка со која државата ќе покрие 50% од трошоците за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.

Да се однесуваме одговорно затоа што така се сака Македонија!”

Креирано од:


Пренеси го гласот